Шкендија – Пелистер 2:0
Фудбалерите на Пелистер од Битола во рамките на 4. коло од Првата фудбалска лига се поразени во Тетово од Шкендија со резултат 2:0.
Првото полувреме помина без голови, а домаќините имаа шанси за гол, но не ги искористија, а голманот на Пелистер Јовчевски добро интервенираше.
На стартот на продолжението пелистерци имаа оправдано поништен гол на капитенот Ивановски. Во 58. минута Цаке надвор од шеснаесетникот биеше, топката одеше по средината, но успеа да го измами Јовчевски. Крстевски со гол во 75. минута остана сам во “петерецот“ и погоди за 2:0.
По 4. одиграни кола “пелистерци“ имаат 4 бода и се деветтопласирани на табелата.










