Press "Enter" to skip to content

Започна FIBA 3х3 баскет турнирот на “Магнолија“ во Битола (фотогалерија)

Денес и утре плоштадот “Магнолија“ во Битола ќе биде претворен во вистинска спортска арена за FIBA 3х3 баскет турнирот кој е организиран од страна на здружението “3×3 Basketball” и општина Битола.Натпреварите започнаа во 17 часот со натпреварот на екипите 3х3 Молика од Битола и Црн Дрим од Струга, а се очекува денешните натпревари да завршат околу 23 часот.На овој FIBA 3х3 баскет турнирот најповеќе има битолски екипи.FIBA 3х3 баскет турнирот го отвори градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој на сите им посака убав престој во Битола и одлични натпревари.Утре продолжуваат натпреварите исто така во 17 часот, полуфиналните натпреаври да започнат околу 20 часот, финалето се очекува да биде во 20,45 часот, кога и ќе бидат доделени наградите на победничката екипа. Победниците на натпреварот ќе добијат парична награда од 2.000 евра, за освоено второ место награда од 1.000 евра, а пригодни подароци ќе добија сите учесници на натпреварите.

Фото: Дамијана Ристевска