Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер убедливо загуби од Загреб, денес ќе игра за 5. место

Еурофарм Пелистер – Загреб 19:37 (9:20)

Во решавачкиот меч кој носеше пласман во финалето на турнирот во Добој ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола го загубија од Загреб, со 19:37, полувреме 9:20, и  Еурофарм Пелистер иако имаа ист број бодови како и Загреб и Татабања, но поради полошата меѓусебна гол разлика битолчани завршија како третопласирани на мини-табелата и ќе играат за петтото место.

Уште од самиот старт на средбата екипата на Загреб се наметна, почна да гради предност и да чекори сигурно кон својата цел. Избраниците на Ангеловски се обидуваа да парираат, меѓутоа на одмор се замина со негатива од 21:9. Во последните 15 минути постигнаа само два гола, а примија 10.

И во второто полувреме “пелистерци“ продолжија да играат слабо. Беше 11:26 во 43 минута од средбата, а во 47 минута кога Загреб поведе со 31:14. Рутински екипата на Загреб го приведе мечот кон крајот и убедливо славеа со највисоката предност на мечот. 

Кај Еурофарм Пелистер Цикатиќ беше најефикасен со пет погодоци.