Битолчанката Оливера Наковска-Бикова го освои 8. место во Воздушен пиштол – 10 метри на Параолимписките игри 2024 во Париз.
Наковска – Бикова, во квалификациите го освои петтото место со резултат од 558 кругови. Таа заврши како шестопласирана, меѓутоа иранката Шахи беше дисквалификувана заради контрола на оружје, не држеше доволно тежина нејзиниот пиштол.
Ова се шести параолимписки игри на кои настапува Оливера и на секоја од нив таа влегуваше во финале, вистинска потврда на квалитет.









