Press "Enter" to skip to content

Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година во Битола (фото)

-Денес, прв училшен ден 2. сепрември, училишното ѕвонче, во сите основни исредни училишта  во Битола го означи почетокот на учебната 2024/2025 година. Многу ученици возбудено итаа накај своите училишта. Сите со нови спомени и доживувања од летниот распуст.

-Повторно видување со своите соученици и наставници. Детски жагор, насмеани лица, возбуда… без оглед и што некои мораа да станат рано.  Но, сигурно највозбудени и растреперени со измешани чувства на радост, страв, срам или тага беа ученици кои поаѓаат во прво одделение, вкупно 744 првачиња на кои им беше приреден свечен прием.ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола е едно однајстарите училишта во нашиот град и во истото најмилите првачињата беа пречекани со пригодна приредба.  Свечен прием на првачиењата  ја организира тимот наставници. Оваа година  музички точки изведоа учениците од 5 одделение подготвени од нивнитенаставнички. Оваа учебна година имаме помалку првачиња од претходно. Ние сме во центарлното градски подрачје каде нема многу згради, куќи, тука е пазарот, дуќани и деловен простор Но и иселувањето го направи своето. Така оваа година запишавме 30 првачиња односно помалку 20 првачиња од претходните години. Жанета Тошеска, директор на училиштето која со пригоден говор ги поздрави  и им посака топло добредојде на првачињата и нивните родители кои беа со нив на првиот училишен ден. При тоа им посака желби за среќна и успешна учебна година и рече:

-На овој ден сите сме посебно возбудени,  но по првото запознавање веќе сме многу поблиски. Се надевам дека оваа нова генерација на ученици во нашето училиште ќе има добри ученички денови и од тука ќе понесат добри спомени, вели одделенската наставничка, Лидија Поповска, која до сега има примено голем број на генерации во прво одделение.Предраг Созовски, директор на ОУ “Св. Климент Охридски “ Битола ни изјави:-1-ви Септември е ден со посебно значење за секој просветен работник. Ден кој означува почеток на нови пријателства,стекнување на нови знаење, искуства, надоградба во воспитно-образовниот процес на секој ученик. Нашето училиште целосно подготвено ја започнува својата триесет и петта учебна година. Не радува фактот што бројот ученици останува константен ,дури и се зголемува. Вкупно 1.065 ученик од кои 122 првачиња ќе бидат дел од ОУ “Св. Кл. Охридски  во наредната година. На сите ученици им посакувам среќен почеток и успешна школска година исполнета со убави моменти и детски насмевки. Никола Пискачев, директор на ОУ “Стив Наумов“ ги пречека првачињата и нивните родители во шкоскиот двор каде им посака добредојде и убави школски денови.-Во ОУ “Стив Наумо“ Битола подготвени  ја дочекавме новата учебна година. Оваа година имаме запишано 92 првачиња. Сите ученици ќе учат и престојуваат во подборени услови, а ние се надеваме на подобри резултати кај сите ученици. Од мое име како директор и од име на целиот колектив посакуваме среќна и успешна учебна година.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »