Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност, температурата до 31 степен

Денес, вторник, 3 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне можност за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата во Битола до 31 степен.

Утре, среда, 4 септември, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата во Битола до 31 степен.