Денес, четврток, 5 септеври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 33 степени.
Утре, петок, 6 септември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта можност за нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 31 степен.






