Екипа на Територијалната против пожарна единица од Битола по примена дојава за запалена куќа во 11:55 часот на ул. “Козјак“ во Битола интервенираше со 1 возило 5 пожарникари. Брзата интервенција спречи пожарот да се прошири и да го зафати целиот објект.
Против пожарна екипа интервенираше и по примена дојава за запалена трева во 16:45 часот кај село Трново ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 2 пожарникари.
По примена дојава за запалено ѓубре во 17:45 часот на “Индустриски пат“ ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 2 пожарникари при што беше спречено пожарот да зафати објект.
Тим на ТППЕ Битола со 1 возило и 4 пожарникари заедно со дел од армијата во текот на денешниот ден успешно интервенираа на пожарот од големи размери кој го зафати Мариовскиот дел општина Прилеп село Дуње.






