Press "Enter" to skip to content

Србинот Александар Катаниќ во нападот на Пелистер, доаѓа од Малта

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес претстави ново засилување. Тое е Србонот, Александар Катаниќ кој под Тумбекафе во Битола доаѓа од Малта од клубот Балзан. 

Александар Катаниќ е 29-годишен напаѓач, кој во својата кариера играл за неколку клубови, за Бачка, Старо Бановци, Лозница, Телеоптик,  Бежанија и Металац и за Хонка од Финска.

Србинот има настапи и во ПМФЛ, во сезоната 2022/23 настапуваше за Силекс и на единаесет натпревари постигна четири гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »