Денес, среда, 11 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 24 степени.
Утре, четврток, 12 септември, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд. Температурата во Битола до 26 степени.






