Press "Enter" to skip to content

Заврши 9. по ред Ректорскиот форум во организација на УКЛО Битола (фото)

Денес во Охрид, на факултетот за туризам, заврши 9. по ред Ректорскиот форум што го реализира Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола, со одржување на панел дискусиите и тркалезни маси за иднината на европското универзитетско здружување.Теренско истражување на тема „Туризам“, активност на работен пакет 3 од Алијансата КОЛОРС се реализира денеска на Факултетот за туризам и угостителство при универзитетот „Св. Климент Охридски“.Настан на кој денеска гостуваат и активно учествуваат гостите на Универзитетот во рамките на 9. Ректорски форум на европски универзитети што се реализира деновиве во Битола.  Теренско истражување е фокусирано на туризмот, како регионален приоритет. Учесниците  имаа единствена можност подлабоко да ја истражат темата, преку споделено практично искуство, како и да се дел од интерактивната сесија – академската дискусија солокални туристичкиексперти,  туристички работници и професори – истражувачи.-Приликата, ректори и проректори гости од Форумот да се вклучат во настанот, произлегува од суштината на ова важно академско – регионално тело за соработка,  чии приоритети се универзитетските сојузи, универзитетските вредности и алијанси, што за УКЛО е исклучителен момент, бидејќи се реализира во светлината на неговата актуелна вклученост во Алијансата КОЛОРС, велат од канцеларијата за односи со јавност во Ректоратот.Во рамките на работниот пакет 3 се зборуваше за богатото културно и историско наследство на Охрид, орхидското езеро како посебен биосистем но со посебна туристичка вредност и статусот на светско наследство заштитено од УНЕСКО. Средбата овозможи вмрежување на професионалците од сите области.  Ова беше воедно е и последната активности што се реализираше во рамките на 9. европски ректорски форум на која ректори, заменици ректори, претседатели и професори од универзитетските алијанси КОЛОРС, ЕУТОПИЈА и ЈУФЕ дискутираа за иднината на европското универзитетско здружување.

More from ВестиMore posts in Вести »