На 11.09.2024 во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Козјак” во Битола, две лица на возраст од 23 и 54 години од Битола го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 12.09.2024 во СВР Битола било пријавено дека во домот на ул. „Пецо Божиновски“ во Битола бил пронајден починат битолчанец на возраст од 53 години, кој имал здравствени проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 12.09.2024 во СВР Битола било пријавено дека во периодот помеѓу 10.09. и 11.09.2024 во правно лице во село Породин, битолско, со употреба на сила било влезено и биле одземени повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






