Press "Enter" to skip to content

Со слатко, кафе и локум ректорката управа на УКЛО Битола, пречека 60 ректори од 15 европски држави (фотогалерија)

Во рамките на 9. ректорски форум што се одржува во Битола највисоките претставници на алијансата КОЛОРС, ЕУТОПИЈА и ЈУФЕ, повеќе од 60 ректори од 15 европски држави, претседатели на универзитети и професори беа пречекани од Ректорската управа во зградата на Ректоратот во Битола.Гостите пред да ја започнат да ја реализираат вчерашната набиена агенда беа во Ректоратот каде беа пречекани со стариот македонски обичај, со слатко и кафе со локум, а беа послужени од студенти на УКЛО облечени во староградска облека, шти ги воодушеви гостите кои наравија и селфи фотографии.За историјата на зградата каде се наоѓа ректорската управа, зборуваше ректорот проф. д-р Игор Неделковски, кој им кажа дека е градена по повод посетата на Султанот Решат Петти на Битола, каде тој престојувал.Проректорите и кабинетот на ректорот, во една неформална атмосфера, гостите уште еднаш ги запознаа со конкретните активности кои ги работат во рамките на проектот “Колорс“ и секако и работата на УКЛО.