Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен

Денес, вторник, 17 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во Битола до 21 степен.

Утре, среда, 18 септември во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 19 степен.