Press "Enter" to skip to content

Петар Богоевски нов претседател на Ротаракт клубот Широк Сокак од Битола

Во хотел “Милениум“ раководството на Ротаракт клубот Широк Сокак од Битола за претходната ротаријанска година, предводена од Катерина Анакиевска, ми го врачи мандатот на новиот претседател за оваа ротаријанска 2024/2025 година на Петар Богоевски.

На состанокот кој помина во прекрасна атмосфера, осврт на настаните кои ја одбележаа 2024 година беа само дел од точките на дневен ред. Членовите ја имаа честа на примопредавањето да бидат присутни и двајца членови од менторскиот клуб кои ги мотивираа за понатамошни успеси и поддршка за идни проекти.

Во тимот на новиот претседателПетар Богоевски за секретар е назначена Рула Чаламани, а за благајник Ферзие Асановска.