Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: Холедохолитијаза

Од д-р Васил Чипуровски  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  д-р Васил Чипуровски зборуваше за холедохолитијаза, за што вели:

-Холедохолитијаза е клиничка форма кога има калкулус во општиот жолчен канал кој завршува преку ампула Ватери во дуоденумот, тоа е природен пат на истек на жолчката која се лачи во хепарот а се испумпува после оброк кој содржи масти од жолчното ќесе за нивна дигестија во дуоденумот.

Клиничката презентација е од асимптоматска ,па се до коликообразна болка под ДРЛ и гадење повраќање жолтила со пожолтување на кожа и склери и пруритус.

Ехографски е возможно прикажување во повеќето случаи на калкулус во .d.choledichus кој се визуелизира под ж.ќесе и е со дијаметар до 6 мм, но златен стандард во потврдување на дијагнозата и терапевтски метод е ЕРЦП -ендоскопската ретроградна холангиопанкреатографија која е и метод на лекување после папилотомија и ендоскопска екстракција на калкулусот.

Постојат четири најчести компликации кај холедохолитијаза а тоа е акутен најчесто гноен холангитис, хроничниот рецидивантен холангитис и акутниот панкреатитис поради оклузија на панкреатичниот канал на ниво на ампула Ватери од камен во холедохот, како и транзиторни стеатофибротични промени на хепар.

More from СоветиMore posts in Совети »