Press "Enter" to skip to content

Денес започнува есен, после жешкото и сушно лето

По најтоплото, жешко, и сушно лето, без дожд, денеска, 22 септември (267. ден во годината), во Македонија и на северната хемисфера, календарски почнува есента.

Есента почнува денеска во 14:43 часот, а во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

Денешниот ден, односно првиот ден од есента денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат еднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пролетна рамноденица (таму почнува пролетта).

Од утре, постепено до 21 декември ноќта ќе се зголемува до максималните 15 часа, а денот ќе се намалува до само 9 часа. 

Есента ќе заврши на 21 декември.