Press "Enter" to skip to content

Лесна победа на Еурофарм Пелистер против Бисинов во Велес, 13 гола на Кузмановски

Бисинов – Еурофарм Пелистер 21:41 (9:20)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер победија во Велес, против екипата на Бисинов, а тоа трета победа по ред во 3. коло од Супер лигата, убедливо со 21:41, и 13 гола на капитенот Филип Кузмановски.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер уште во првото полувреме преку ангажирана игра го решија победникот во Велес, погодува Кузмановски и Радивојевиќ, бранеше Митревски, и “тргнаа“ со 1:6. Водството на “пелистерци“ дојде и +11 во 15 минута игра. Домаќините грешеа, погодуваа гостите и на одмор се отиде со 9:20.

Еурофарм Пелистер во второто полувреме започна со нова постава, тренерот Бранко Ангеловски внесе нови ракометари, но остана старата разлика, висока и недостижна, за новајлијата во лигата, која на крајот беше +20 (21:41).

Капитенот Кузмановски погоди 13 пати, а 6 пати Радивојевиќ.

More from СпортMore posts in Спорт »