Беса – Пелистер 2:3 (0:2)
Екипата на Пелистер од Битола забележа сигурна и важна победа во рамките на 6. коло од Првата македонска фудбалска лига, против екипата на Беса во Гостивар, со резултат 2:3, полувреме 0:2.
Пелистер уште на стартот на натпреварот го отвори резултатот , кога во 8. минута по удар од слободен удар на Вилдан Керим кој ја погоди мрежата на домаќинот, и тоа беше 0:1. Фудалерите на Беса возвратија со шанси за гол, но за нивна жал Мирко Ивановски со силен удар од над 25 метри, направи водство од 0:2. Беса повторно имаше шанси загол, но одмор се отиде со 0:2.
Беса во второто полувременемаше во 58. минута намали на 1:2 во 58. минута со голот на Ремзифаик Селмани, кој шутираше прецизно. Беса тргна кон израмнување, но Пелистер во 76. минута, дојде до третиот гол, а прв на Србинот Катаниќ за 1:3. Беса намали на 2:3 во судуиското време до голот на Селмани.
Пелистер ја забележа втората победа во оваа сезона, или вкупно 8 бода и се наоѓа на 7. место. Лидер на табелата е Шкендија со 14 бода.
Во следното коло Пелистер во Битола е домаќин на Работнички.










