Press "Enter" to skip to content

Анастасија Палашоски од Битола патува во Кина на Меѓународниот натпревар по кинески јазик “Кинески мост“ меѓу најдобрите учесници од 149 земји во светот (фото)

На Националниот квалификационен натпревар по кинески јазик и култура кој се одржа на филолошки факултет „Блаже Конески“во Скопје, битолчанката Анастасија Палашоски ученичка во 7 одделени во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола го освои првото место. Со тоа се стекна право да се натпреварува на Меѓународниот натпревар по кинески јазик „Кинески мост“( “Chinese Bridge”2024 ) во Кина меѓу најдобрите ученици кои го изучуваат кинескиот јазик и култура од 149 земји во светот.После натпреварот во Скопје наградата и ја честитаа Амбасадорот на Кина во Македонија, директорот на Институт „Конфуциј“ од Кина, директорот на Институтот во Скопје и ректорот на Универзитет „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Анастасија Палашоски го изучува кинески јазик и култура како курс во училишето. Овие курсеви ги органзира Институтот „Конфуциј“ Скопје. Таа е институција за ширење на кинескиот јазик и култура низ светот, основана од Државниот завод за меѓународна промоција на кинескиот јазик.Разговорот го направивме додека се подготвува за меѓународниот натпревар кој ќе се одржи од 21 – 25 октомври во Пекинг Кина. За натпреварот учи и се подготвува со нејзиниот ментор професорката Јулин Лин (Yulin Lin) која доаѓа од Puer Univrsity Кина, но сега професор по кинески јазик и култура на курсевите кои ги органзира Институтот „Конфуциј“- Скопје. Низ разговорот Анастасија ни се претстави:-Јас сум Анастасија Палашоски ученичка во 7-а одделение во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Битола. Сакам да изучувам странски јазици. Покрај англискиот, германски голем предизвик ми се азиските јазици. Кога пред три години се оргазнизараа часови по кинески јазик во нашето училиште, доаѓаше наставник за кинески јазик се запишав и јас меѓу други ученици. Од тогаш многу научив, Учествував на многу натпревари. Минатата година го освоив 3 место на државно ниво. Оваа година откако ги поминав општинскиот и регионален натпревар освојувајќи ги првите места се пласирав на Националниот квалификационен натпревар по кинески јазик и култура кој се одржа на 8 ми јуни во Скопје. Освоив прво место и се пласирав да се натпреварувам на Меѓународниот натпревар по кинески јазик кој ќе се одржува во Кина крајот на октомври месец каде ќе се натпреварувам со најдобрите од 149 земји.

-Тоа е за мене голема радост, гордост, но и одговорност. Мило ми е што после освојувањето на првото место имав чест да ми честита амбасадорот на Кина, вели Анастасија Палашоски.

За изучувањето на кинескиот јазик Анастасија ни кажа:

-Кога почнав да ги учам карактерите така се викаат буквите во кинескиот јазик, кои се како слики, ми беше тешко. Но потоа кога навлегов повеќе, ми беше многу интересен и сега ми е многу полесно. За натпреварот „Кинески мост“( “Chinese Bridge”2024 )
Натпреварот се состои од повеќе делови во кои ќе се претставам со еден текст за себе. Моето име на кинески е Tаng shi ya Најпрво ќе се претставам јас и мојата држава на кинески јазик со кратко видео. Потоа оди настапот со песната „Da yu“ или во превод „Големата риба“. Потоа како последен дел е учество на квиз со зададени прашања на кинески пишуван јазик и одговори со точно и неточно.Професорката Јулин Лин од Кина изјави:

-Анастасија е едно слатко девојче, пријатно и многу културно. Тоа беа моите први импресии за неа. Како ученичка е многу исполнителна и сериозна. Така пристапи и кон изучувањето на кинескиот јазик кој многу го засака. Предавам кинески јзаик и култура на Институтот „Конфуциј“ Скопје, сега ги водам часовите по кинески јазик и култура во Битола. Пред да дојдам тука бев професор на Универзитетот Пуер во Кина. Исто така предавав кинески јазик за странци. Кинескиот јазик е различен од другите јазици со своите карактери или букви кои се слики,затоа можеби им изгледа тежок на сите. Но всушност не е така, бидејќи ако се учи чекор по чекор, тогаш се напредува постепено и се совладува и учи на интересен начин. Ако го анализираме јазикот има изговр, зборови, граматика, букви.. Некој јазик личи како да е полесен, но не е. Тоа се предрасудите кои постојат за кинескиот јазик, дека е многу тежок. Можам да кажам дека луѓето тука се многу пријателски расположени.

За Институтот „Конфуциј“ ни кажа:

-Институтот „Конфучие“ е институција за ширење на кинескиот јазик и култура низ светот, основана од Државниот завод за меѓународна промоција на кинескиот јазик. Првиот институт „Конфучие“ е основан во ноември 2004 година во Сеул, Јужна Кореја. Постојат 54 институти „Конфучие“ и 153 паралелки „Конфучие“ во училиштата во 149-те земји вклучени во иницијативата „Еден појас, еден пат“ на Кина, според централата. Институтот функционира за промовирање на кинеската култура и да го подобри разбирањето меѓу земјите и оваа инстиутуција има главна улога за развивање на добра соработка меѓу нив. На овој начин се промовира јазикот и кинеската култура за ученици кои сакат да го изучуваат има активна улога за негова промоција. Се одржуваат натпревари и најдобрите одат на Меѓународниот натпревар по кинески јазик „Кинески мост“ (“Chinese Bridge”2024 ) Натпреварот се одржува еднаш годишно глобално за ученици од различни возрасти поделени во групи: основци, средношколци и повисоко.

За текот на натпреварувањето Анастасија Палашоски ќе ни праќа информации и фотографии од Пекинг Кина. И посакуваме успех.

Жанета Ристевска