Денес, понеделник, 23 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 25 степени.
Утре, вторник, 24 септември, во Битола времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 24 степени.






