Press "Enter" to skip to content

Се одржа 67. конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), на него и полициски службеници од Битола

67. светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА)  се одржа во Охрид од 14 до 22 септември. На конгресот  учествуваа и полисциски службеници од 64. земји, а присутни беа и од огранокот на ИПА од Битола, Сашо Митевски, поранешен висок полициски службеник од СВР Битола и Александар Јовевски вработен во СВР Битола.Конгресот во Охрид имаше за цел Интернационалната полициска асоцијација  да ги собере полициските службеници претставници на асоцијациите од целиот свет, со крајна цел споделување искуства и градење силна глобална мрежа, секако преку отворен дијалог и тимската работа. Се одржаа работни сесии на повеќе безбедносни теми, а според заклучоците сетоа тоа помогнало да се направат значајни чекори  во обликувањето на иднината на  Интернационалната полициска асоцијација.На свеченото отворање на 67 ИПА светски конгрес во “Инекс Олгица“ по церемонија на отворање се полициска парада во униформи низ охридската чаршија и кејот покрај Охридското езеро. Потоа, 64 земји на посебни штандови ја претставија својата култура, храна и пијалоци, се одржа и Македонска вечер, како и  туристички разгледувања на Вевчани, Струга и “Св. Наум“.Претседателот на Интернационалната полициска асоцијација, Мартин Хофман ја искажа благодарноста  до тимот на ИПА од Македонија за нивната извонредна организација и топлото гостопримство.-Ова е незаборавно искуство за сите нас. Беше фантастично да се види толку многу познати лица и да стекнеш нови пријатели. Врските на пријателство и соработка преку границите беа навистина инспиративни. Ова е она што е ИПА – зближување на полицајци од целиот свет, споделување искуства и градење на силна глобална мрежа. Посебна благодарност до сите делегати за конструктивниот придонес за време на средбите. Отворениот дијалог и тимската работа ни помогнаа да преземемеме значителни чекори напред во обликувањето Заедно сме посилни и возбуден сум за напредокот што го постигнавме.-Македонската вечер на 67 ИПА Светски конгрес во Охрид, беше преубава со достојно претставување на Македонија. Гостите од сите страни на светот, вистински уживаа во вкусната македонска традиционална храна и македонските вина. Македонскиот фолклор и македонските фолк обичаи, ги претставија прекрасните членови на КУД „Отекс“ од Охрид а кореографии од современиот танц , современиот хип хоп и класовен балет, изведоа членови на студиото за танц “Соната“ од Охрид, порачаа од ИПА Македонија.

 

More from ВестиMore posts in Вести »