
-Може да предизвикаат негативни емоции, но и разочарувања. Обично се тест за емоционалните состојби на луѓето и врските кои ги имаат во тој момент од животот. Може да си личност која се чувствува непријатно на својот роденден, но треба да знаеш дека не си единствениот.
Нашата култура ја преувеличува важноста на младоста, убавината и ефикасноста како критериуми кои ја одредуваат вредноста на личноста, како и нивната способност да бидат ценети, па дури и сакани. Затоа не изненадува што стареењето, кое е неизбежно видливо на роденденот, со бројот на годините, може да ни донесе незадоволство. Стареењето не го гледаме како нормален процес. Овој страв од стареење често е проследен со општествени очекувања нешто да постигнете до одреден момент. Имаме тенденција своите цели да ги базираме на годините.
-Сакам да дипломирам до 25 години, да се оженам до 30, а деца да имам до 35, додека професионално ќе напредувам пред четириесеттиот роденден.
Заокружените бројки често создаваат илузија за некоја цел, иако во реалноста тоа се само обични бројки. Доколку пак не ги исполните ваквите очекувања (а можеби дури и ако ги исполните), постои шанса дека себеси ќе се споредувате со луѓето за кои верувате дека се поуспешни од вас, без да се продлабочувате во нивните животни околности. Ваквите споредби можат да бидат екстремно болни и да направат да ја изгубите од вид пошироката слика. Нашата лична сатисфакција и аспирации често одат во спротивни насоки во однос на општествените стандарди, различно темпо и на различни насоки.
И покрај тоа, често ни е тешко да размислуваме за нашите автентични емоции, желби и очекувања и се фокусираме на она што другите го очекуваат од нас, како и на тоа дека ќе нè осудуваат. Постојат и многу причини заради кои некој не би сакал да го слави својот роденден; некои од нив се:
-личните особини, а за некои личната историја, па дури и социјалниот притисок.
-родендените не потсетуваат на нашето место во светот.
-може да предизвика негативни емоции, па дури и симптоми на депресија, во зависност од нивото на задоволство во животот. На пример, тој ден може да ве потсети на „родендените од тешкото детство или на непријатна семејна атмосфера од минатото“,вели (Монтеси психотерапевт).
-ова вклучува и присетување на комплицираните односи во животот или може да ве растажи фактот дека веќе не сте блиски со некои луѓе.
-исто така е можно и до неодамна секогаш да сте ги сакале своите родендени, но сега ги мразите. Можеби е во прашање тежок период – можеби сте болни, или сте изгубиле некој близок, или можеби работата.
Уште една причина заради која можеби не го сакаш својот роденден е тоа што не сакаш да бидеш во центарот на вниманието. Доколку сте срамежливи или интровертни, можеби не сакате баш сите да ве гледаат. Доколку сте мошне чувствителни, овие ситуации не ви пријаат. Некои луѓе се срамат кога добиваат подароци, пораки или генерално внимание. Некои луѓе секогаш сакаат да чувствуваат дека сè е под контрола, не сакаат изненадувања или идејата дека ќе им пропадне забавата.
Сè на сè, можеби не сакате да го славите својот роденден за да се спасите од разочарувања. Можеби луѓето околу вас не ви пружаат доволно љубов. Некои луѓе, кои инаку не го сакаат својот роденден, впрочем очекуваат внимание од одредени луѓе кои им се важни. На пример, може да се случи да им биде тешко ако не им се јават родителите или некој член на семејството тој ден, што потоа предизвикува воопшто да не сакаат да го слават својот роденден.
Препораки
Во секој случај, не постои вистински или погрешен начин за да се прослави роденденот. Тоа е ден како и секој друг и може да биде посебен ако сакате. Сепак, можете и да останете дома, да го исклучите телефонот и да ги избегнувате пораките. Без разлика дали славите или не, поминете го роденденот со луѓето кои ги сакате и уживајте најмногу што можете, зашто така побрзо ќе помине денот и ќе ви биде полесно доколу сфатите дека е најважно да се слушате себеси и да ги прифатите своите чувства.






