Press "Enter" to skip to content

In memoriam: м-р Јован Д. Кочанковски

Денес во Битола по кратко боледување на 93 годишна возраст почина м-р Јован Д. Кочанковски. Кочанковски е роден во 1931 година, последниот жив сведок од групата битолски интелектуалци, иницијатори за формирање на Македонското научно друштво.

Кочанковски завршил Филозофски Факултет, група историја на Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје 1972 г. Во 1992 година магистрира на историски науки. Работел како наставник по историја и директор во ОУ “Тодор Ангелевски“ во Битола, бил директор на историскиот архив во Битола и се пензионира во 1990 како секретар во СИЗ за култура и спорт во Битола. 

Автор на преку 100 библиографски единици ; ко-автор на монографии и учебници за VII одделение и за II година гимназија.

Еден од основачите на ДНУ – МНД, член на Управниот одбор и потпретседател на ДНУ (1976 – 1983). Претседателство на ДНУ (1988 – 1991). Двапати член на научниот совет на МНД. 

За научна и општествена активност има добиено 30 – тина признанија. Награда „4- ти ноември“ (1968 и 1999) за двотомната монографија ’’Битола и Битолско во Народноослободителната Антифашистичка Војна на Македонија 1941-1945’’ на 4-ти Ноември по повод годишнината од ослободувањето на град Битола 1944-2010 година.

Кочанковски има добиено и плакета на ИП „Просветно Дело“ (1970) ; наградата Климент Охридски (1986), „Орден на трудот“ (1977) и плакетата на ДНУ (1980).

Опелото и погребот ќе се одржат на  новите “Светоделски гробишта“ во Битола, а телото ќе биде изложено во капелата на храмот “Св. Недела“ во Битола од 10 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »