Press "Enter" to skip to content

Горан Исков директор на ЕСМ “Молика“, Николче Котевски на ФОД

Горан Исков е назначен за директор на ЕСМ “Молика“ под чија надлежност е и хотелот Молика на Пелистер и неколку летовалишта на комбинатот.  Горан Исков доаѓа на местото на Директор на друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола (поранешно ЕЛЕМ ТУРС). Исков беше враборен во ЈКП ВОДОВОД Битола во сектор АОП.  Неговото работно искуство од 2015 до 2017 година е во министерството за информатичко општество и администрација. Тој е  дипломиран информатичар  на факултетот за информатика ФИКТ Битола. Исков е и актуелен потпретседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Николче Котевски е назначен за директор на ФОД. Од 2015 година вработен во Царинската управа на Македонија, виш цариник во царината во Битола, на Меџитлија и Прилеп. Самостоен советник во секторот за надзор на иматели на одобренија и контролор во инспекциско тело за возила. Беше и советник од ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Битола од 2009 до 2013 година, а сега е секретар на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »