Press "Enter" to skip to content

Павле Атанасијевиќ пред утрешниот натпревар против Динамо Букурешт во ЛШ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола утре го играат натпреварот од 3. коло од Лигаша на Шампиони, против екипата на Динамо Букурешт во Романија. 

На прес-конференцијата после последниот тренинг пред заминување за Романија, зборуваше ракометарот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ, кој рече:

-Ни следат два тешки натпревари. Се спремаме за Динамо Букурешт, напорно работиме и верувам дека ќе одиграме во рамките на нашите можности. Имаат многу интернационалци, играат модерен ракомет и ќе биде тешко да се игра против нив. Сепак, максимално и до секој детаљ се подготвуваме. Нашите навивачи насекаде нè бодрат, па така ќе биде и во Букурешт. Ќе се обидеме да ги израдуваме.