Press "Enter" to skip to content

Ангеловски: Динамо Букурешт е државен проект со буџет од осум милиони евра

Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер од Битоладенес ќе игра во Букурешт во рамките на 3. колово европската елита, каде денес го одработи и тренингот каде и ќе игра. Екипата на  Динамо Букурешт сезоната ја започна со две големи победи, а тренерот Бранислав Ангеловски вели дека победите на романскиот тим не се случајни и додава:

-Ни следи исклучително важна недела. Повторно сме во Лигата на шампионите и гостуваме кај сериозен противник, романски претставник и клуб кој има буџет од 8,9 милиони евра. Таму има играчи кои настапуваа за Барселона и неслучајно Динамо Букурешт има две победи од два натпревари во групната фаза. Одиме со позитивна енергија, да дадеме максимум и нема да се штедиме. Ќе покажеме максимален труд и ќе се надмудруваме со нив. Динамо Букурешт е државен проект и исклучително напредуваше со шпанската школа на тренери. Неслучајно се 8,9 години шампиони на Романија. Секоја година напредуваат и собраа бодови да играат директно во Лигата на шампионите. Ги имаат најдобрите романски играчи и добри и квалитетни странци“, рече тренерот на шампионот на Македонија.

Натпреварот меѓу македонскиот и романскиот шампион се игра в четврток, со почеток од 18:45 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »