Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со трет пораз во ЛШ, поразен од Динамо Букурешт

Динамо Букурешт – Еурофарм Пелистер 34:25 (19:13)

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер од Битола вечерва во Букурешт во Лигата на шампионите, во рамки на третото коло, е поразен од Динамо кој славеше со 34:25, полувреме 19:13.

Динамо Букурешт беше подобар противник, а Еурофарм Пелистер и по три кола останува без победа во ЛШ, а натпреварот беше резултатски изедначен во првите десетина минути, кога беше 5:5. Потоа Динамо со три гола во низа замина на 8:5, а таа предност од +3 ја држеше до 55. минута, кога дојде до +5 (15:10). Не успеа Еурофарм Пелистер да ги искористи одбраните на Никола Митревски и на полувреме се отиде со 19:13.

Во второто полувреме црвен картон доби главниот дефанзивец Илија Абутовиќ, што Динамо Букурешт го казни и дојде до двоцифрена предност, 25:15. Се до крајот беше формалност, се знаеше победникот, за на крај да биде 34:25.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски кој постигна 9 гола, Никола Митревски запиша 13 одбрани.

Во следното 4. коло од ЛШ, “пелистерци“  го пречекуваат Спортинг Лисабон.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »