Ротаракт Клуб Битола Широк Сокак во организација со Ротари клуб Битола Широк Сокак, утре, сабота 28 септември 2024 организира отворен Ротари ден каде битолчани ќе имаат можност да се запознаат со мисијата, визијата и идејата на организацијата Ротари.
Покрај тоа, битолчани ќе имаат можност да поразговараат и консултираат со две врвни кардиолози д-р Елена Шишковска Степановска и д-р Ана Велјановска по повод Меѓународниот ден на срцето.
Место: Во срцето на Битола, пред хотел Епинал, од 11 до 13 часот.






