Во просториите на Управната зграда на Јавното претпријатие “Стрежево“ во Битола се организираше крводарителска акција, во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Битола и Институтот за трансфузиона медицина. Вработените во “Стрежево“ зедоа активно учество во хуманата акција за дарување крв и придонесоа во збогатувањето на крвните единици на трансфузиологија, кои во некои моменти живот значат.Директорката Вера Бешлиевска, и самата крводарите ја поддржа крводарителската акција им се заблагодари на крводарителите од “Стрежево“ за нивната хуманост, солидарност и несебичност при дарувањето на наjдрагоцената течност и нагласи дека ќе продолжи соработката со службата за трансфузиологија и со битолската организација на Црвениот крст, бидејќи грижата за здравјето и животот на нашите сограѓани ни е најважна.Мендо Гроздановски, крводарител на акцијата по јубилеен 150 пат даруваше крв, по тој повод “Стрежево“ му врачи посебно признание за неговата солидарност и хуманост.“Стрежево“ секогаш ќе придонесува во мотивирањето за доброволно дарување и градење на позитивен однос кон крводарителството. Дарувањето е спасување живот, да станеме крводарители и несебично да помагаме во спасувањето човечки животи, порачаа од јавното претријатие “Стрежево“ од Битола.
На крводарителската акција во “Стрежево“ нивниот вработен Мендо Гроздановски по јубилеен 150 пат даруваше крв
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: пријава за физички напад, повреден работник, моторциклист изгубил контрола и паднал
- Млади од Битола социјални претприемачи партнери за раст на креативните индустрии
- Во Битола сончево и топло, температурата во Битола до 28 степени
- Фото вест: кошевите “на спуштање“ заминуваат во историјата, во Битола ќе се игра на кошеви по ФИБА стандарди
- Моќните жени на „Манаки“ Битола : Ме порасна самохрана мајка која ме научи да не се откажувам од своите соништа