Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен од Вардар во првото овосезонско дерби

Вардар – Еурофарм Пелистер 27:24 (15:11)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола се поразени во Скопје, во “Јане Сандански“ во првото дерби во оваа сезона, кое се одригра во рамките на 4. од Суперлигата, во натпревар во кој “вардарци“ го имаа водството во текот на целиот натпревар, а Пелистер ја бркаше таа  разлика, која само еднаш ја намалија на -1.

Дербито започна со гол од цепелин на Вардар, за 1:0, а потоаво 10. минута беше 5:2. Пелистер намали на 6.4 во 12. минута, а потоа повторно беше највисоки +4, а следуваше и тајм-аут на Ангеловски. Вардар потоа дојде и до +5 (11:6) во 22. минута, а предноста ја одржуваа до 30. минута кога беше 15:11.

Во второто полувреме Еурофарм Пелистер тргна да ја брка предноста на Вардар, и не неколку пати дојде до подносливи -3. Во 50. минута беше -2, (23:21) и најава дека ќе има пеколни завршни минути. Но за жал за “пелистерци“ не дојде до тоа, туку напротив разликата беше -4 (25:21) по две пробивања во напад. Следуваа одбрани на пенали на голманот на Вардар, исклучувања, и напреварот заврши во корист на Вардар. 

Најефикасен кај Еуеорофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 8 гола.