Press "Enter" to skip to content

Новиот амбасадор на Црна Гора Зоран Миљаниќ во прва посета на Битола

Новиот амбасадор на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ, оствари прва официјална средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

На средбата, на која присуствуваше и почесниот конзул на Црна Гора, Миодраг Андријашевиќ, се разговараше за зајакнување на економската соработка на Битола со градовите во Црна Гора, а особено со збратимениот град Херцег Нови.

Исто така, се разговараше и за реализација на заеднички културни активности и настани, како и соработка во областа на спортот.

Средба во Битола, претставува прва официјална посета на амбасадорот Миљаниќ, надвор од главниот град.

More from ВестиMore posts in Вести »