Press "Enter" to skip to content

Пелистер и натаму без трофеј, МЗТ Скопје победник во Супер купот

МЗТ Скопје – Пелистер 78:64

Во Суперкупот на Македонија “Драган Василов-Цевка“ МЗТ Скопје, како шампион, го победи Пелистер од Битола финалист и во двете натпреварувања во организација на КФМ. 

Стартот на натпреварот беше во знак на Пелистер кој беше подобар противник од бранителот на трофејот до 15. минута од натпреварот и направи двоцифрена разлика. По изедначената прва четвртина, која на крајот им припадна на кошаркарите од Битола (21:19), токму Пелистер беше екипата која прва стигна до солидно, дури и високо, двоцифрено водство. По 14.минути од играта, „зелено-белите“ поведоа со (34:24), и најавија дека се подготвени да ја прекинат негативната низа на неуспеси во дуелите со актуелниот бранител на тројната круна. Но МЗТ Скопје брзо успеа да анулира добар дел од таа двоцифрена негатива. А до полувремето „металците“ беа само едне чекор поназад во однос на „предизвикувачот“. Пелистер водеше на полувремето „само“ со (37:35).

Во второто полувеме МЗТ го анулира водството и со мини-серија од пет поени поведоа со 40:37.   Таков беше и резултатот (42:42) на средина од тој дел од играта. МЗТ Скопје по 30 минути игра влезе во последниот квартал со 56:50. Во последнит дел МЗТ дојде и до највисоки 59:50, а потоа и 61:50. Последните пет минути “пелистерци“ ги дочекаа со негатива од осум поени (57:65), а МЗТ не дозволи пресврт. На три и пол минути пред крајот имаше 70:57, а победата беше со 78:64.