Денес, недела, 29 септември, во Битола, според прогнозите н метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер. Температурата во Битола до 24 степени.
Утре, понеделник, 3о септември, во Битола времето ќе биде сончево и постудено со мала локална облачност. Ќе дува засилен северoзападен ветер. Температурата во Битола до 18 степени.






