Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен од Брера на гостувањето во Струмица

Брера – Пелистер 4:0 (1:0)

Екипата на Пелистер од Битола е поразена во 8. коло од екипата на Брера со резултат 4:0, полувреме 1:0, во натпревар од Првата македонска лига, а останаа со играч помалку во раната фаза од мечот.

Натпреварот започна со цврста и игра и без шанси кај двете екипи. Во 17. минута Мато му побегна на Ристевски, кој го повлече за дрес, кога овој излезе сам пред противничкиот голман, и судијата Влатко Илиоски му покажа црвен картон. Продолжи добрата игра на Пелистер, а “пелистерци“ имаа обид за водство во 32. минута преку Талевски, чии удар домашниот голман го одбрани. На крајот на првото полувреме, односно во судиското продолжување од 3 минути, Брера преку Ристовски, кој шутираше од дваесетина метри дојде до 1:0.

На стартот на второто полувреме, по само две минути, во 47. минута, Јанкулов биеше прецизно, ја погоди мрежата на Пелистер,  за 2:0. Во 61. минута  Ивковиќ зголеми на 3:0, откако по одбраната на Јовчевски топката дојде до него. Тодоровски во 68. минута постигна гол за конечни 4:0.

Пелистер останува на 9 бода и на осмото место на табелата, а во следното коло го прелекува тимот на Тиквеш во Битола.