“Inner Wheel“ клубот од Битола беше домаќин на сите “Inner Wheel“ клубови од Македонија, членови на “ДИСТРИКТ 255 Македонија“. Имено во подножјето на преубавиот Пелистер, во прекрасна атмосфера се одржа примопредавање на Претседателството на Дистрикт 255 Македонија.
Досегашната претседателка од “IW клубот Скопје“, Фросина Гечева Кочова и го предаде претседавањето на новата претседателка од “IW клубот Битола“ Весна Неделковска.
Имено, првиот “Inner wheel“ клуб е основан на 10 јануари 1924 година во Манчестер од Маргарет Голдинг, жена на ротаријанец од Ротари клубот Манчестер. Пред 1989 година, Ротари генерално ги забранувал жените да бидат членови. Затоа била формирана друга организација за сопругите и ќерките на Ротаријанците, позната како Inner Wheel – Внатрешно тркало. И покрај тоа што жените сега можат да се приклучат на Ротари, клубовите Inner Wheel продолжуваат да се формираат и се активни во многу земји од целиот свет.
Денес има околу 4000 клубови низ 100 земји од целиот свет со повеќе од 120 000 членови.
Inner Wheel клубот од Битола е формиран во 2010 година и е член на International Inner Wheel. Досега има реализирано многу донации и хуманитарни акции во Битола и пошироко. https://www.facebook.com/profile.php?id=100079398707908
Во Македонија има уште четири клубови, од кои два се од Скопје по еден во Куманово и Велес. Сите клубови се обединети во Дистрикт 255 Македонија, преку кој се реализираат проекти на ниво на цела Македонија. Годинашното претседателство го презеде клубот од Битола. https://www.facebook.com/Internetionalinnerwheeldistrictmacedonia







