Кошаркарскиот клуб Пелистер денеска во 15 часот ги пушти во продажба билетите за премиерниот меч на домашен терен од АБА2 лигата против екипата на Широки Бријег од БиХ, историски прв натпревар од регионалното натпреварување што нашиот тим ќе го игра во Битола .
Билетите од денеска ќе се продаваат во Тобако Зикс (кај “Гроздот“) во Битола, а од утре ќе можат да се купат и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“. Цената за билет за овој натпревар изнесува 200 денари, а нашите верни навивачи ќе имаат можност и да купат сезонски билет за 2024/25, по цена од 2.000 денари.
Натпреварот меѓу Пелистер и Широки Бријег се игра во вторник (1 октомври) во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот.