Press "Enter" to skip to content

Прв академски час на Бизнис Академија Смилевски (БАС) во Битола (фото)

Бизнис Академија Смилевски (БАС) го одржа својот прв академски час за новата генерација студенти, која е веќе 16-та по ред во нашето успешно постоење. Оваа година, во БАС уписот на нови студенти беше во согласност со бројот објавен на конкурсот.Работиме на две локации, во Скопје и Битола, со цел да бидеме достапни на поширока база на студенти од целата земја.. Со двете основни студиски програми, Бизнис менаџмент и Маркетинг менаџмент, обезбедуваме практично и применливо знаење кое ги подготвува студентите за реални предизвици во деловниот свет – истакна Директорот на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска.Во време кога демографската ситуација е особено чувствителна поради иселувањето на младите, БАС е решена да создаде можности кои ќе го задржат талентот во Македонија. Практично ориентираното образование  им дава на студентите конкурентна предност на домашниот и меѓународниот пазар.Со посветеност кон иновации и постојано надградување на програмите, БАС останува најдобриот избор за сите оние кои сакаат да го направат првиот чекор кон успешна професионална кариера. -Ние не го следиме текот на времето – ние го создаваме! – се завршните зборови на проф. Тасевска во своето обраќање кон генерацијата нови студенти на БАС.