Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: со комичната опера “Така прават сите“, во режија на Цветан Стојановски, отворен 23. “Интерфест 2014“ во Битола (фото)

-Со комичната опера во два чина на В.А Моцарт ““Така прават сите“, во режија на Цветан Стојановски, а под диригентство на Саша Николовски – Ѓумар, во изведба на Македонската опера и балет, во преполната сала на Народниот театар во Битола, свечено беше отворено 23. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест 2014“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Фестивалот традиционално го отвори Милица Шперович – Рибарски и ги најави гостите кои имаа прилика да ги гледаат и слушаат љубителите на сериозната музика во Битола.На фестивал во 2014 година настапија познати имиња од домашната и меѓународната музичка сцена. Меѓу позначајните имиња, кои љубителите на класичната музика во Битола имаа можност да ги гледаат беа Алесандро Кроста, флејта и Надја Теста од Италија, виолинистот Алтан Залаи од Унгарија, познатиот баритонец од САД, Кристов Беирнацки, Василиј и Николај Герасимец од Германија, кои ќе свират на виолончело и клавир, Валерија Занини од Бразил, која ќе настапи на пијано, Алфредо Натили, кларинет и Мојра Миселини пијано од Италија, гитаристот Лука Лучини од Италија, пијанистот Матео Фалони од Италија.Од домашните познати музички имиња настапија Марија Ѓошевска на пијано, Ана и Олег Кондратенко и Марија Вршкова.Таа, 2014 година, учесниците на фестивалот Данило Новаковиќ и Лана Јеленковиќ од
Србија настапија во Охрид, а во Охрид настапи и Елоизо Касио на пијано и Дуо Лучини – Фалони од Италија.