-Пелистер новата сезона во прволигашката конкуренција ја почнува со денешното гостување во Кавадарци против тимот на Тиквеш, сала “Јасмин“ во 18 часот, вака ја најавија новата кошаркарска сезона од КК Пелистер од Битола, во која како потенцираа, имаат желба да го освојат пехарот.
Александар Петровиќ тренерот Пелистер за високите амбиции во новата сезона вели:

-Од самиот почеток не криеме дека наша желба е да освоиме барем еден трофеј, тоа е нешто што Пелистер како клуб, што оваа управа и навивачите го заслужуваат. МЗТ Скопје е актуелен првак, има квалитетен ростер и му ја препуштаме фаворитската улога, но ние ќе сториме се за да стигнеме до барем еден пехар, тоа е желба на сите во клубот и додава:
-Ние сме нова екипа што се градеше во текот на летово, се комплетиравме пет дена пред мечот со МЗТ и тоа се одрази врз нашата игра на тој дуел, пред се во второто полувреме. Она што го видов против Широки, како игра, залагање и тимски дух, тоа е она што треба да го краси овој тим на Пелистер. Квалитетот на играта ќе се крева од натпревар, но она што го видов како карактер против Широки, во првите 36-37 минути од мечот, навистина ме радува.










