Press "Enter" to skip to content

Бизнис Академија Смилевски ви претставува свои студенти, Миле Нолевски оперативен менаџер во “Евро Стил“

За да успеете, желбата за успех мора да биде поголема од стравот да не успеете.

Во денешно време, технологијата и индустриите се развиваат со неверојатна брзина, што значи дека знаењето што било актуелно вчера може да стане застарено утре. Професионалниот развој и постојаното вложување во ново знаење се клучни аспекти за успех во било која кариера. Ви претставуваме успешно дипломирани студенти и постдипломци на Бизнис Академија Смилевски. Миле Нолевски оперативен менаџер во Евро Стил Миле Нолевски, дипломиран оперативен менаџер, вработен 9 години во една од најуспешните битолски фирми Евро Стил Доо.Кажете ни повеќе за студиите на Бизнис Академија Смилевски – БАС.

-Мојата приказна со Бизнис Академија Смилевски започнува во 2011 год. кога на бастион натпреварите за стипендии го освојувам првото место и добивам целосна стипендија за моите студии. Во БАС поминав три прекрасни години исполнети со многу позитивни луѓе, компетентни професори, стекнав големо теоретско и практично знаење и одлично подготвен влегов во бизнис водите. Нашата приказна продолжува и денес, сега како ментор на студентите од БАС кои доаѓаат на феријална пракса во нашата компанија.Кои конкретни области на менаџментот сметате дека се најважни за да се биде успешен менаџер?

Успешниот менаџер секогаш треба да ја има пред себе големата слика за бизнисот. За да бидете успешен менаџер потребно е првенствено да бидете ценет лидер, компетентен, тимски играч и да имате силно чуство за емпатија.Како БАС ви помогна во тоа?

-Од студиите на БАС најмногу ми помогнаа две работи, прво студирањето во мали групи каде имаш можност подобро да го совладаш наставниот материјал и достапноста на професорот за сите нејаснотии поврзани со истиот, второ практичната настава во успешни компании каде имаш можност да се запознаеш со начинот на функционирање на фирмата и да добиеш слика што те очекува после завршување на студиите.Дали има стратегии што ги применувате за ефективно работење, после завршување на студиите по Оперативен менаџмент?

-Секако, стратегијата е средство за исполнување на бизнис целите. Во мојата компанија постојано се дефинираат краткорочни и долгорочни стратегии со цел да изградиме бизнис со долгорочни односи со нашите клиенти, бизнис заснован на иновации и да се стремиме кон остварување на конкурентска предност.Кои области од студиите или предмети најповеќе ви помагаат во практиката со менаџирање на луѓе… или работата…?

-Секој предмет што се учи на Бизнис Академија Смилевски си има свое значење и примена во реалниот бизнис свет. Предметите како на пример интерперсонални деловни вештини, менаџмент на човечки ресурси, организирање на настани и сл. наоѓаат широка примена при моето менаџирање со луѓе и се дел од моето секојдневие.

Жанета Ристевска