На 4 октомври во Белград, Србија се одржа Европското првенство за групи и формации во спортски латино танци.
Во категоријата Јуниори 2 (14 и 15 години) и дисциплината Choreographic Latin Snall Team, Mini Stars убедливо застанаа највисоко на пиедесталот, станаа Европски прваци за оваа година. Со сигурен и прецизен настап го потврдија квалитетот што го поседуваат и кој е резултат на долги години напорна работа.
Радоста и среќата ја надополнија и формацијата Stars кои во категоријата Adult и дисциплината Choreographic Latin Small Team станаа Вицешампиони на Европа. Нивниот успех беше уште една потврда за квалитет што го поседуваат после освоеното четврто место на Светскиот шампионат оваа година.
Честитки доаѓаа од сите страни, а најслатки беа од силните конкуренти од Германија и Шпанија. Благодарност до родителите на овие прекрасни девојки кои се несебична поддршка цело време и веруваат во тоа што го работиме со голема љубов и посветеност.
ТСК Степ Ап, Битола и цела Македонија бидете горди на овие несекојдневни успеси во македонскиот спорт.










