Press "Enter" to skip to content

Цермат рецепт: колач со мирис на ванила и Gardenia малина

Кога надвор температурите се намалуваат, време е дома да направиме топла атмосфера со еден едноставен чекор – печење на колач со мирис на ванила и Gardenia малина.

Повелете едноставен рецепт:

200 гр. малини
4 јајца
2,5 шолји брашно
2 шолји шеќер
1 шолја кисело млеко
1 прашок за пециво
1 шолја масло

Подготовка:

Се матат 4 белки со шеќер, се додаваат потоа жолчките, кисело млеко, масло, брашно и прашок за пециво.

Се става тестото во плех и се редат малините рамномерно.

Се пече 20 минути на загреана рерна на 200 степени.

По желба може да си ставите и шеќер во прав.