Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 23 степени

Денес, вторник, 8 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата во Битола до 23 степени.

Утре, среда, 9 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Температурата во Битола до 25 степени.