Деновиве стручната служба и дел од специјалните едукатори и рехабилитатори од ООУ “Ѓорги Сугарев“ – Битола а на покана на Општина Гродиг – Салцбург, Австрија реализираа студиска посета на Општина Гродиг – Салцбург, Монтесори училиште, основно училиште за практиканство и педагошки факултет при Универзитетот во Салцбург.
Целта на посетата беше запознавање со образовниот ситем на Австрија во делот на . Вработените од ова училиште беа поздравени од заменик градоначалничката на Гродиг, Салцбург инж. Хајделиг Штајнер како и д-р Татјана Степаноска – Јуришиќ одговорна за интеграција во Општина Гродиг Салцбург и директорот на Монтесори училиште м-р Франц Грајфбарер.
Исто така на педагошкиот факултет при Универзитетот во Салцбург од страна на проф. д-р Тереза Талхамер беа запознати со инклузивниот образовен систем на Австрија.
Вработените присуствуваа и на утринска средба на сите ученици и вработени во основно училиште за практиканство кое работи во склоп на педагошкиот факултет.
Од страна на директорката на школото м-р Бербел Линсмајер беше претставен мултикултурализмот и инклузивноста на образовниот систем на Австрија.

Стручната служба, едукатори и рехабилитатори од ОУ “Ѓорги Сугарев“ Битола се запознаа со инклузивното образование во Австрија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Отворена фото-изложбата на спортски фотографии на Дамијана, Аце, Ацко и Дејан (фотогалерија)
- Младинскиот центар место каде младите можат да се активираат, информираат и едуцираат
- 17-та крводарителска акција на КС Групација – хуманоста продолжува (фото)
- Вторник по 62. пат избор на спортист на Битола, вечерва изложба на спортски фотографии
- Денес почнува “купот“, Пелистер против Куманово, Стајиќ посакува да биде до недела во Куманово





