На 08.10.2024 во 18.15 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 35 и 44 години, двајцата од Битола, затоа што кај едното лице била пронајдена и одземена бела грутчеста материја, а кај другото лице била пронајдена и одземена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
На 08.10.2024 во СВР Битола, А.А. (36) од Битола пријавил дека на ул.„Прилепска” во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 08.10.2024 во 21.20 часот на ул. „Христијан Карпош” во Битола, полициски службенци од СВР Битола го лишиле од слобода 42 годишно лице од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека во двор на истата улица со пиштол се заканувал на 62 годишно лице од Битола. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.






