Еурофарм Пелистер – Спортинг 24:24 (16:13)
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вечерва во Битола во рамките на 4. коло од Лигата на Шампиони го освои првиот бод, ремизираше со екипата на Спортинг од Португалија, со резултат 24:24, но битолчани можат и да тагуваат за неосвојувањето на цел плен, имаа игра и имаа резултат.
Пелистер имаше предност од четири гола предност во средината на вториот дел, 20:16, но во последните петнаесетина минути дадоа само два гола. Од друга страна Спортинг Лисабон со добра игра во одбрана дојде до 21:24, за на крајот да постигнат три гола за реми. Павле Атансијевиќ го постигна ирамнуачкиот гол.
Инаку “пелистерци“ на стартот поведоа до 2:0, а потоа имаа и +3 (5:2) по десетина минути. Потоа Спортинг израмни на 7:7, а потоа поведе и со 9:10. Еурофарм Пелистер израмни на 11:11. Следуваа три гола за Пелистер и водство 15:12, а на одмор се замина со 16:13.
На почетокот на вториот дел Спортинг израмни на 16:16, но само за кратко бидејќи следуваше ново водство на Пелистер 20:16. По тајм-аутот, гостите намалија на 20:19, а поведоа и со 21:22.
Гостите за прв поведоа со +2 (21:23), а по грешките на домашните дојдоа и до 21:24. На 25 секунди до крајот гостите погрешија во напад, а Павле Атанасијевиќ погоди за реми и први бод за Пелистер во ЛШ.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер со по пет гола Пешевски, Кузмановски и Радивојевиќ, а Митревски одбрани десет удари.









