Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: денес 24 часа затворена за сообраќај дел од улицата “Индустриски пат“ од “Шипка“ до “Агнеса“

Продолжува реализацијата на Проектот за реконструкција на коловоз на дел од улица „Бурса“ во Битола (од спој со улица „Македонска фаланга“ до спој со новопроектираната улица „Индустриски пат“).

Согласно добиеното известување од изведувачот на градежните работи, Општина Битола ја известува јавноста дека во четврток на 10.10.2024 година, делот помеѓу „Идеал Шипка“ и „Агнеса“, ќе биде целосно затворен за сообраќај 24 часа поради асфалтирање, кое ќе се изведува во текот на целиот ден.