Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за награди за наградени ученици во основно и средно

Предмет на Јавниот повик е прибирање на пријави за доделување на еднократна  финансиска награда за ученици од основните и средните училишта во Општина Битола во учебната година 2023/2024. 

Наградите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2024 година согласно Програмата за образование на Општина Битола за 2024 година.

Наградите на избраните наградени ученици ќе бидат доделени во рамките на празнувањето на патронот на Општина Битола, денот на Свети Нектариј Битолски.

Повеќе информации за јавниот повик и начинот на аплицирање, можете да најдете на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/nagradi-ucenici/.