Press "Enter" to skip to content

Антоан после победата над МЗТ Скопје: ова беше тимска победа, прекрасно е чувството да се слави победа во Битола

Американскиот бек Антоан кој од оваа сезона е член на КК Пелистер од Битола останува максимално скромен откако беше херој во триумфот над МЗТ Скопје, иако ги постигна одлучувачките поени на дербито во 2. коло од македонскиот шампионат.

Дербито беше израмнето од почеток до крај, а улогата на херој му припадна на Брајан Антоан, Американецот кој ја презеде одговорноста во клучните моменти и ги постигна победничките поени на четири секунди до крајот.

-Ова беше одличен меч меѓу две квалитетни екипи, за нас беше многу значајна поддршката од навивачите, кои ни дадоа сила во клучните моменти. Исто така, нашиот тренер беше максимално мотивиран, што ни даде доплнителна енергија во текот на целото дерби, вклучувајќи ја и завршницата. Можеби јас ги дадов клучните поени, но оваа победа е колективна, секој од нас го даде максимумот за да се стигне до резултатот што го посакувавме. Прекрасно беше чувството да се слави на еден ваков натпревар пред нашите верни навивачи, се надевам на многу вакви моменти и во иднина, истакна Антоан.

Антоан го заврши мечот со 16 поени и 6 скокови (вкупно 19 индексни поени), но американскиот поентер останува скромен, заслугите за триумфот делејќи ги со остатокот од екипата.

More from ВестиMore posts in Вести »